Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Вонредна состојба во државата Њујорк поради ураганот Ида

/

пред 1857 дена

Сподели преку :

Американската држава Њујорк прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од ураганот Ида. Вонредната состојба стапи во сила ноќеска.

„Прогласувам вонредна состојба за да им помогнам на жителите на Њујорк по бурата“, напиша гувернерката на Њујорк, Кети Хочул на Твитер.

Ураганот го погоди централниот дел на источниот, атлантскиот брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.