Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Германија аплицирани 840 дози вакцини со поминат рок на траење

/

пред 1842 дена

Сподели преку :

Здравствените власти во јужната германска покраина Баден-Виртемберг соопштија дека по грешка биле аплицирани 840 дози на вакцината против Ковид-19 на Модерна, на кои им поминал рокот на траење.

Грешката се случила во градовите Синделфинген, Ројтлинген и Еслинген и настанала поради погрешно означување. Официјалните лица изјавија дека вакцините биле транспортирани во кутии со фрижидер во согласност со прописите, но подоцна било откриено дека на етикетите се наведени неточни датуми на истекување на рокот.

– Засега нема заклучоци дека подолгото складирање ја намалува ефикасноста на вакцината, рече директорката на локалниот центар за вакцинација, Мартина Бурхерт-Грив.

Новото истражување на производителот наведува дека вакцината е доволно стабилна за да се чува три месеци на нормални температури во фрижидер.

Сепак, Европската агенција за лекови сè уште пропишува дека вакцината не смее да се чува повеќе од 30 дена.