Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот

/

пред 2244 дена

Сподели преку :

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на зараза, објави Светската здравствена организација.

Во изминатите 24 часа од Ковид–19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000.

На прво место по бројот на заразени и починати се САД, а на второто место е Бразил.

Од почетокот на пандемијата во светот со коронавирусот се заразиле повеќе од 20 милиони луѓе, а 13 милиони се избориле против него.

Според интернет страницата Ворлдометерс, најмногу оздравени има во земјите каде што има најмногу заразени.

Во САД каде што се заразиле повеќе од пет милиони луѓе, речиси 2.700.000 закрепнале.

Во Бразил, каде што се заразени три милиони луѓе, закрепнале повеќе од два милиони, а во Индија закрепнале еден и пол милион од 2.226.153 лица заразени со коронавирусот.