Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Софија 7-ми ден демонстранти и полиција

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Седми ден по ред се одржуваат антивладини протести во Софија.

Демонстрантите се собраа попладнето околу 17 часот по локално време и се очекува протестот да продолжи до доцна во ноќта, јавија бугарски медиуми. Засилено е присуството на полицијата во бугарскиот главен град.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во денешно обраќање до демонстрантите истакна дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните само ја продолжува кризата, довербата е изгубена.

– Една недела илјадници Бугари се на плоштадите барајќи оставка од Владата и од државниот обвинител, барајќи слобода, закон и правда. Жителите на Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора, Велико Трново и многу други градови се доказ дека протестот е на национално ниво и ги обединува сите возрасти и социјални категории, истакна Радев.

Тој додаде дека протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопување на демократските институции и закони.

Радев апелираше протестите да бидат мирни и да се избегнува насилство и провокации.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов   претходно го отфрли барањето на претседателот Румен Радев, неговата коалициска влада, соочена со масовни антивладини протести, да поднесе оставка.

– Оставката на оваа влада нема да ја подобри ситуацијата, рече Борисов пред состанокот на владата и ја повика опозицијата да помогне во надминување на кризата.

Тој предупреди дека последиците од пандемијата врз бугарската економија ќе бидат многу сериозни и рече дека на самитот на ЕУ в петок, ќе се заложат дека Бугарија да добие финансиска помош од фондот за обнова од корона-кризата, што треба да изнесува 750 милијарди евра (857 милијарди американски долари).

Илјадници Бугари протестираат со денови на улиците на Софија, барајќи оставка на Борисов и главниот државен правобранител, обвинувајќи ги за корупција и мафијашко однесување. Протестите, во меѓувреме, се проширија во црноморските градови Варна и Бургас и Пловдив на југ.