Црногорската полиција синоќа откри и конфискува околу 1,5 тони кокаин во Подгорица.
Две лица се уапсени во акција на полицијата во која синоќа беше запленет повеќе од еден тон кокаин, соопшти црногорската полиција, додавајќи дека дрогата била запленета во магацин во Зета, во пратка банани.
Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.











