Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ најави полициски час за викендот: Ситуацијата во Белград е алармантна, болниците се полни!

/

пред 2279 дена

Сподели преку :

Ситуацијата со пандемијата корона вирус во Србија и особено во Белград е критична, изјави претседателот Александар Вучиќ, најавувајќи полициски час во главниот град на државата за викендот од петок до понеделник.

Критична ситуација имаме во уште 4 градови , но заради алармантната ситуација во Белград , од утре се забранува собирање на повеќе од 5 луѓе во затворен или отворен простор, изјави Вучиќ

Од утре ќе биде забрането секое јавно собирање со повеќе од 5 луѓе, дали во затворен или во отворен простор а од Петок одиме на долг полициски час, односно забрана на движењето, заклучно со понеделник а потоа по понеделник ќе видиме за понатаму. Имаме 4 000 луѓе во болниците. Сите болници во Белград се речиси полни. Направивме многу грешки. Премногу се опуштивме, сите помисливме дека е готово. Веројатно и слушавме дека во текот на летото ќе биде многу полесно, отколку што беше во текот на зимските месеци, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.