Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина не дозволи влез на претставниците на СЗО за истрага на потеклото на Ковид-19

/

пред 2103 дена

Сподели преку :

Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на Ковид-19.

Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.

Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем, посочи Гебрејесус.

Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.

Претходно беше соопштено дека кинеските власти не дозволиле влез на претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражат потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан.