Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Главниот менаџер на кампањата на Трамп, Бил Степиен, е позитивен на Ковид-19

/

пред 2191 дена

Сподели преку :

Главниот менаџер на кампањата на претседателот Трамп, Бил Степиен, е позитивен на новиот коронавирус и планира да остане во карантин се додека не се опорави, но ќе продолжи да ја контролира кампањата од далечина, потврди за Аксиос Тим Муртау, директор за комуникации на кампањата.

Дијагнозата на Степиен, која доаѓа 32 дена пред денот на изборите, е уште еден удар врз напорите на претседателот за реизбор и беше откриен истиот ден кога претседателката на републиканскиот национален комитет Рона МекДаниел беше позитивна на Ковид-19.

Заменик-менаџерот на кампањата Џастин Кларк се очекува да го надгледува штабот на тимот на Трамп во Арлингтон, Вирџинија, бидејќи Степиен работи од далечина, пренесува Политико.