Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинески град од 9,5 милиони жители затворен поради три нови случаи на коронавирус

/

пред 1837 дена

Сподели преку :

Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус, а испратени се и национални здравствени службеници за да се справат со ново можно жариште.

Градот со 9,5 милиони жители во североисточна Кина денеска пријави три нови случаи на инфекција, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата.

По првиот пријавен случај, властите почнаа масовно тестирање и ги затворија училиштата. Градските власти наредија затворање на поголеми места за собирање, како што се кина, кафулиња, спортски сали и салони за махџонг.

Градските власти бараат од граѓаните негативен тест за коронавирус за да патуваат, но дозволено е само неопходното патување, во спротивно на луѓето им е кажано да останат дома.

Кина успеа да спречи ширење на вирусот во нејзините граници со примена на скапа и строга стратегија која се потпира на заклучување и масовно тестирање.