Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косово со нови мерки за заштита од Ковид-19, се враќа самоизоалцијата во случаите на контакт со заразен

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај ги соопшти новите мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои беа усвоени на денешната седница на Владата.

Земај информира дека од денеска ќе се затвораат канцелариите во кои има позитивни случаи, додека лицата кои биле во контакт со заразени ќе се самоизолираат на 14 дена.

Контактите на заразените лица ќе се самоизолираат и ригорозно ќе се почитуваат заштитните мерки на Институтот за јавно здравство на Косово, додека санитарните и општинските инспекции ќе ги санкционираат случаите на непочитување на тие мерки, објави Земај.

Исто така, одлучено е да се редуцира бројот на вработени во администрацијата, се наложува задолжително носење маски и строга контрола на спроведувањето на таа мерка на влезовите во сите институции и од страна на вработените во трговските и угостителските објекти, погребните церемонии да се вршат само во кругот на потесното семејство, дополнителни мерки во старечките домови, формирање локални штабови во општините и слично.

Во Косово, заклучно со последниот официјален извештај, досега се регистрирани 2.878 заразени од новиот коронавирус, од кои починале 51 лице. Активни носители на вирусот се 1.250 лица.