Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовската полиција уапси 10 луѓе во акција во Штрпце

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Припадниците на специјалната косовска единица РОС од утринава спроведуваат широка акција во Штрпце, каде мнозинството населението се Срби. Според тамошното обинителство станува збор за прва фаза од истрага за злоупотреба на положба, корупција и мито. По претресот на неколку објекти и локали уапсени се десет луѓе, а меѓу нив има и поранешни општински службеници.

Уапсените се осомничени за извршини кривични дела примање мито, давање мито и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од обвинителството.

Косовскиот весник „Коха диторе“ објавува дека станува збор за корупција при изградба на објекти во Брезовица.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петра Петковиќ обнивни дека специјалците вооружени до заби привеле повеќе Срби и рече дека ова е уште еден обид на Албун Курти да го заплаши српскиот народ.