Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Масовен протест на антиваксерите во Загреб

/

пред 1781 дена

Сподели преку :

Околу 15.000 Хрвати денеска протестираа во Загреб против задолжителната вакцинација на администрацијата и ковид пропусниците.

Демонстрантите побараа укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основните уставни права и слободи.

Загрепската полиција соопшти дека денешниот протест во Загреб не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот.

Покрај на централниот плоштад Бан Јелачиќ, демонстранти протестирале и пред јавниот сервис ХРТ а била и нападната новинарска екипа на телевизијата Нова.