Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мас: Нема сè да се промени под водство на Бајден, но ќе биде подобро

/

пред 2154 дена

Сподели преку :

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави  дека нема  сè да се промени под водство на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, но дека ќе биде многу подобро.

Тој за германската телевизија Дојчландфунк оцени дека расправата за трошење пари за одбрана во рамките на НАТО нема да се промени, туку дека ќе се спроведе на поинаков начин.

Според Мас, расправата за трошоците за одбрана нема да биде толку во фокусот на Бајден.

Американскиот претседател Доналд Трамп честопати ја критикуваше Германија поради тоа што не ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти во рамките на НАТО алијансата.