Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 25 офицери и кадети загинаа во пад на украински воен авион

/

пред 2198 дена

Сподели преку :

Во падот на украинскиот воен авион на североистокот од земјата, во Харковската област, загинаа најмалку 25 лица, соопштија украинските власти.

Руски Тасс, повикувајќи се на Контролата на летот, јави дека во авионот Ан-26 имало 28 лица.

Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега  е непозната. Се молиме за нивниот живот и даваме брза помош , напиша шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер, на Телеграм.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денес ќе го посети Харковскиот регион.

“Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“, напиша Зеленски  на Телеграм.