Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)„Не ја даваме државата“ – протест во Подгорица, илјадници граѓани се на улиците

/

пред 2218 дена

Сподели преку :

На плоштадот на независноста во центарот на Подгорица се собраа неколку илјади граѓани на собир најавен од „црногорските патриотски организации“.

Насобраните граѓани извикуваа „Не ја даваме државата“, а на собирот се виорат знамињата на Црна Гора додека се пуштаат народни песни.

Како што пишуваат црногорските медиуми од другите градови на протестот тргнале околу шест и седум илјади луѓе. Но, бројот на присутните постојано се зголемува и не е можно да се потврди конечната бројка.

Исто така полицијата не соопшти дали протестот е одобрен и кој го пријавил, но пред почетокот на протестот новото мнозинство во црногорскиот парламент, кое го порази Мило Ѓукановиќ на изборите, упати јавно предупредување дека се можни инциденти и ја повика полицијата на превентивни мерки.

Според паролите на собирот јасно може да се заклучи дека протестот е насочен против новата власт.