Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пакистан соопшти дека не може веќе да прима бегалци од Авганистан

/

пред 1843 дена

Сподели преку :

Пакистанскиот советник за национална безбедност рече дека земјата не може да прифати повеќе бегалци од Авганистан од неколку причини, вклучувајќи ги и финансиските тешкотии.

– Пакистан во моментов не може да прифати повеќе бегалци, изјави Моид Јусуф на прес-конференција во Исламабад. Тој истакна дека Пакистан веќе примил повеќе од 3 милиони авганистански бегалци кои избегале од војната и насилството во нивната земја во последните децении.

Јусуф рече дека Пакистан ќе се потруди да му помогне на Авганистан, но мора да се зголемат меѓународните напори за да се спречи хуманитарна криза. Тој ја повика меѓународната заедница да не ја повтори грешката со напуштање на Авганистан. Советникот за национална безбедност, исто така, предупреди дека ИД и другите борци, вклучително и пакистанските талибанци, можат да ја искористат ситуацијата.

– Не треба да размислувате многу за да разберете што ќе се случи. Ќе има безбедносен вакуум. Веќе знаете дека ИД е тука, пакистанските талибанци се тука, Ал Каеда е тука, рече тој, додавајќи дека овие групи се непријатели и на Пакистан и на Западот.

– Доколку Авганистан се дестабилизира, тоа ќе влијае на Пакистан, нагласи Јусуф.