Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пленковиќ: Ситуација во Хрватска е многу сериозна, наскоро нови мерки

/

пред 2144 дена

Сподели преку :

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на денешната владина седница потврди дека Штабот за цивилна заштита во наредните денови ќе донесе нов пакет мерки со цел сузбивање на коронавирусот.

Пленковиќ рече дека, и покрај тоа што зголемувањето на бројот на новоинфицирани веќе не е толку големо како во октомври, сепак дневните бројки и натаму се високи.

– Мерките го забавија ширењето на епидемијата, но кривата не почна да паѓа на начинот на кој би сакале тоа да се случи, рече Пленковиќ.

Тој посочи дека се потребни дополнителни напори за да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, пренесува порталот Индекс.

Хрватскиот вицепремиер и шеф на штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ рече дека се подготвени опции за воведување на дополнителни епидемиолошки мерки за цела Хрватска, со оглед на зголемувањето на бројот на заразени.

– Ние мора да сториме сè за да ја одржиме функцијата на здравствениот систем, особено на болничкиот систем, нагласи Божиновиќ.