Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска тортура врз приведените во Белорусија

/

пред 2241 дена

Сподели преку :

Дозволете ми да тепам некого, не сум тепал никого цел ден, на оваа реченица засекогаш ќе се сеќава 19-годишниот студент од Белорусија, кој денеска пред камерите на јавноста и го покажа помодреното тело од тортурата која ја претрпел во затворот во Минск.

Тие нè претепаа. Веднаш, не третираа како да сме терористи или не знам што. Така, тие нè тепаа многу лошо, претежно удирајќи не по нозете, но и по целото тело. Не тепаа по грбот. Лежевме стомаците со лисици на рацете, прво, нè претепаа, а потоа нè испрашуваа. Имаше луѓе коишто дојдоа и велеа „дозволете ми да тепам некого, не сум тепал никого цел ден“, вели Александар Викс 19-годишне студент.

Приведени се скоро 7.000 демонстранти кои го обвинуиваат Александар Лукашенко за изборен фалсификат, но по највите за сакнции за Белорусија од страна на ЕУ властите од ноќеска започнаа да ги ослободуваат. Денеска се ослободени илјада лица. И не само физички, доказ дека младите луѓе биле и психички торурирани е и ова видео од твитер на кое тие на прашањето на полицаецот дали повторно ќе дигаат револуција мора да одговорат – никогаш повеќе.

Со букети цвеќиња дигнати во воздух и облечени во бело жените излегоа на протестен марш во Минск против полициската бруталност. За време на шестдневите демонстрации најмалку две лица загинаа, а многу други се повредени, невладините се сомневаат во прикривање на вистинските податоци. Главната опозиционерка Светлана Тихановскаја побара прекин на насилството врз демонстантите. Лукашенко ги негираше извештаите дека избегал од земјата по масовните протести против неговото авторитарно владеење.

Билјана Ставрова