Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Џон Луис еден од најистакнатите активисти за граѓански права во САД

/

пред 2268 дена

Сподели преку :

Џон Луис, икона на ненасилното движење за граѓански права во САД и поранешен соработник на Мартин Лутер Кинг, почина на 80-годишна возраст, објави Претставничкиот дом.

Од 1986 година демократски пратеник од државата Џорџија во Конгресот, Луис почина од рак на панкреасот.

„Џон Луис беше титанот на движењето за граѓански права и неговата добрина, вера и храброст ја преобличија нашата нација“, рече претседателката на Претставничкиот Дом, Ненси Пелоси.

„Во Конгресот, Џон Луис беше почитуван и сакан од обете страни“, рече Пелоси.

Луис учествуваше во голем број настани во долгата борба на движењето за граѓански права и беше најмладиот говорник во Вашингтон во 1963 година, кога Мартин Лутер Кинг го одржа својот говор „Сонувам“.

Луис беше последниот преживеан говорник од митингот и тој продолжи да се бори за граѓански права до крајот на животот. Тој последен пат се појави во јавноста во јуни, кога протестите за расна правда ги потресоа САД.

„Луис, роден 1940 година во Алабама, се смета за еден од најистакнатите активисти за граѓански права во САД.

Барак Обама, првиот американски црн претседател, го награди Луис во 2011 година, со Претседателски медал за слобода, највисоко американско цивилно одликување