Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Примирје во Мариупол, 5 часа ќе има коридор за евакуација на 200.000 цивили

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Во тек е примирје во приморскиот град Мариупол во Украина кој повеќе денови е под силни напади на руските воени сили. Во градот има проблеми со снабдување со струја, вода и храна, а според украинските медиуми Мариупол бил под 40-часовни напади и бомбардирања.

Околу 200.000 цивили побарале евакуација од градот кој целосно е опколен од руските воени единици, соопшти Михаил Подолњак, советник на украинскиот претседател Зеленски и водач на украинскиот преговарачки тим.

Прекинот на огнот е воспоставен во 8 часот претпладне по македонско време, а коридорот за евакуација на цивилите треба да се отвори точно напладне по македонско време и да трае вкупно 5 часа.

Мариупол е големо украинско пристаниште во Украина и е дел од областа Доњецк, но е под контрола на Украина. Градот со околу половина милион жители е една од главните цели на руската инвазија и веќе е опколен. Станува збор за стратешко место бидејќи е најголем град под украинска контрола во приморскиот дел меѓу анектираниот Крим и Русија.

BBC: Русите не го почитуваат прекинот на огнот во Мариупол