Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува „звецкање со оружјето“ меѓу Србија и Косово

/

пред 1832 дена

Сподели преку :

На административната граница на Србија со Косово, по доаѓањето на косовските безбедносни сили и прелетите на српските борбени авиони и хеликоптери продолжува и денес, со присуството на оклопни транспортери на Војската на Србија.

Од утринава на два километри од преминот Јариње забележани се четири оклопни транспортери. Српската војска која е во зголемена борбена готовност, во близина на административниот премин Јариње има своја база.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција Росу не се повлекуваат. Поради нивното присуство, Србите не престануваат да се собираат и бараат повлекување на уредбата за пробните таблички за автомобили од централна Србија.

Додека тоа не се случи, Србите ги држат блокирани автопатиштата.  Собраните Срби, кои се тука веќе осми ден, повторуваат дека Белград и Приштина ќе седнат на преговарачка маса и во Брисел ќе дојдат до решение.