Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Процентот на имунизирани млади лица во Србија изнесува само 17,2

/

пред 1918 дена

Сподели преку :

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека одговорот на младите на вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителен, бидејќи изнесува само 17,2 проценти, и дека мора да се забрза во текот на летото.

Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта сој што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС.

Според него, во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти.

Ѓерлек напомена дека оние кои не се вакцинирани, играат „рулет со опасен вирус“ целосно непотребно, бидејќи имаме „милиони дози на вакцини“.

На прашањето за Делта сојот, тој рече дека во Србија се регистрирани два случаја пред неколку дена и дека состојбата се следи.