Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РИА НОВОСТИ: Путин подготвен за преговори со Украина на високо ниво

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво, изјави рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави руската агенција РИА Новости.

„Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво“, рече Путин, кого го цитира кинеското Министерство за надворешни работи.

РИА наведува дека рускиот лидер на својот кинески колега му ја претставил историјата на украинското прашање и го информирал и за ситуацијата со руската воена специјална операција во источна Украина (тоа е официјалниот руски назив за воената операција).

Претходно Зеленски во своето последно обраќање напладне побара од Путин да се сретнат за да престанат воените дејствија и човечки загуби.