Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70 отсто од популацијата за се спречи Ковид-19

/

пред 2111 дена

Сподели преку :

Околу 60 до 70 отсто од светската популација треба да се вакцинира за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Таква проценка е направена врз основа на неколку истражувања, истакна на прес-конференција во Женева шефицата на СЗО во одделот за вакцинирање, Кетрин О’Брајан.

Таа нагласи дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако повеќе би се знаело за вакцините кои се досега тестирани.

– Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, додаде претставничката на СЗО.

О’Брајан изјави дека „освен сознанијата колку вакцините се во состојба да ја спречат заразата со Ковид-19, прашање е дали не дозволуваат задржување на вирусот во носот и грлото кај луѓето кои немаат симптоми и дали му отежнуваат на вирусот да се пренесува од едно на друго лице“.