Првиот човек на светската здравствена организација предупреди дека пандемијата Ковид -19 на глобално ниво се влошува , но и дека работите нема да се нормализираат во подолг временски период.
Според генералниот директор на СЗО, иако повеќе земји, особено во Азија и Европа, ја ставиле епидемијата под контрола, многу други гледаат како трендот на ширењето на вирусот оди во погрешна насока, забележувајќи дека особено критична е ситуацијата во САД и Јужна Америка.











