Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Демократите ја користат кризата со Ковид-19 за кражба на изборите

/

пред 2230 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа ги предупреди републиканците дека изборите во ноември може да им бидат „украдени“, обвинувајќи ги демократите за „користење на кризата со Ковид-19 за кражба на изборите“.

Трамп ова го кажа на првиот ден од републиканската Национална конвенција во Шарлот, Северна Каролина, откако повторно беше номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3 ноември, на кои ќе му се спротивстави демократот Џо Бајден

Американскиот претседател на виртуелната конвенција го повтори своето тврдење дека гласањето по пошта, за кое се очекува да има голема улога на претстојните претседателски избори во САД поради стравот на многумина Американци да одат на гласање среде епидемијата со коронавирус, ќе доведе до широко распространета измама.

Независни безбедносни експерти за изборни манипиулации велат дека измамата на гласачите е исклучително ретка во САД.

-Единствениот начин овие избори да можат да ни ги одземат е доколку тоа бидат лажни избори. Ние ќе победиме, рече тој.

Во својот говор, Трамп се фокусираше и на пораката за „закон и ред“, како одговор на раширените протести низ земјата по полициското убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис. Тој, исто така, ги охрабри училиштата и компаниите да се отворат и покрај пандемијата на коронавирус.

Четиридневната републиканска Национална конвенција почна синоќа, а Трамп треба да има обраќање секоја вечер.