Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоти: Дијалогот со Србија нема алтернатива и Косово е подготвено за тој процес

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека, независно од последниот развој на настаните, дијалогот со Србија нема алтернатива и дека Косово е подготвено за продолжување на тој процес кој, според него, треба да резултира со меѓусебно признавање на двете држави.

На почетокот на денешната седница на Владата, Хоти нагласи дека, согласно Уставот, косовскиот преговарачки тим ќе биде предводен од него како премиер.

Сега работиме на составување на државната делегација за овој процес, на чие чело секако дека ќе биде премиерот, рече Хоти.

На денешната владина седница е донесена одлука да се формира и експертски совет за преговорите со Србија, а наскоро, според најавата на Хоти, ќе биде именуван и национален координатор за дијалогот.

Осврнувајќи се на информацијата дека во Специјалниот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, е поднесено обвинение за воени злосторства против некои од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои претседателот на државата Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, поранешниот собраниски спикер Кадри Весели, премиерот оцени дека „косовските институции покажале и покажуваат умереност во третирањето на тоа прашање“.

Ние остануваме на ставот дека ослободителната борба на народот на Косово е чиста и не може да се суди. Без оглед на актуелните случувања, дијалогот (со Србија) нема алтернатива и Косово е подготвено за тој процес, за што многу придонесоа и минатите влади, изјави Хоти.