Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Русија погоди одморалиште во близина на градот Харков, а извршија и напади во  областа Купијанск, при што загинаа најмалку 16 луѓе, а 36 се тешко повредени. Ракетните напади се најновите во серијата континуирани руски агресии, во последните недели врз регионот. Харков е вториот по големина град во Украина, на североистокот од земјата, каде руските сили ја започнаа својата офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници, да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана во Киев, за да го заштитат Харков и другите градови.

,,Денес, како и секој ден, нашиот примарен фокус е на областите на кои се случуваат воените напади. Генералот Сирски беше директно на воениот фронт. Како резултат во овие денови, но и во текот на целата недела, обезбедивме посилни позиции во регионот Харков. 57 и 82 воздушна-нападна бригада: Ви благодариме, воини! Во исто време, нашите сили доста ефикасно го уништуваат.”

Русија нападот во Харков го започна кон крајот на минатата недела, со тоа што го зголеми притисок врз вооружените сили на Украина на воениот фронт.

Додека Украина сеуште чека задоцнета испорака на воена опрема од западните партнери, државата продолжува да користи беспилотни воени летала, за да се одбрани од воените напади на руската армија.