Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

5-годишно дете од Саранда почина од Ковид19-најмлада жртва од опасниот вирус во Албанија

/

пред 1806 дена

Сподели преку :

Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана, пренесе МИА.

-Поради влошената состојба потоа беше  транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но  момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, стои во новинарските извештаи на телевизиите во Албанија.

Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.

Официјалната статистика на Министерството за здравство покажува дека детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај повеќе од 800 деца.