Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

7-годишно и 6-годишно дете меѓу настраданите во големата руска офанзива во Украина

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

6-годишно дете настрада во Киев, јави CNN повикувајќи се на извештај на детската онколошка болница Окматид во Киев.

Болницата каде се сместени деца и млади болни од канцер синоќа беше ракетирана од руските воени сили. Загинатото дете е најмлада жртва во руската инвазија. Во болницата се ранети двајца тинејџери и тројца возрасни.

Весникот Киев индипендент објави дека во градот Суми настрадале 7 луѓе меѓу кои и 7-годишно дете. Една жена во Суми загинала при ракетен напад врз зграда во Суми кој се наоѓа во близина на украинско-руската граница.

Едно цивилно лице загина и во вториот град по големина во Украина, Харков. Во овој град се заглавени и македонски државјани кои не може да се евакуираат. Во Харков се водеа жестоки улични битки.

Најжестоки борби се водеа во Василково, 30 километри јужно од Киев. Таму е ракетиран и запален склад со нафта, а поради пожарот на жителите на Киев им беше препорачано да ги затворат прозорците поради штетниот чад кој се движи кон градот.

Во Василково се водеа битки и на воениот аеродром. Во близина на Киев е нападнат и оштетен и дел од гасовод.