Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белата Куќа: Страшен напад во Москва, прибираме информации за нападот. Руската слободна легија негира било каква вмешаност

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Група руски граѓани кои се борат на страната на Украина негираат каква било одговорност за нападот vo концертната сала во близина на Москва, објави Франс Прес.

Легијата на слободата на Русија (The Freedom of Russia Legion), чии борци се дел од вооружените сили на Украина, во соопштение нагласуваат дека „Легијата не е во војна со мирољубивите Руси“ и ги обвини руските безбедносни сили за планирање на нападот во Москва.

Белата куќа вечерва соопшти дека во моментов нема информации дека Украина е вмешана во, како што наведе, „страшниот“ напад на концертна сала во Москва.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД собираат информации за терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 40, а се ранети повеќе од 100 луѓе.

„Во моментов нема индикации дека Украина или Украинците се вмешани во нападот. Сакам да одвратам во овој момент каква било поврзаност со Украина“, изјави Кирби.