Двајца ученици и двајца возрасни загинаа во судир меѓу воз и училишен минибус во Бугенхаут во Белгија.
„Моите први мисли се со жртвите“, изјави белгискиот министер за мобилност Жан-Лук Крук, кој потврди дека бариерите на преминот биле спуштени кога се случила несреќата.
Во автобусот во времето на судирот се наоѓале седум деца, возач и придружник.
Никој во возот не е повреден, иако едно лице е згрижено поради шок.
„Автобусот бил на пат кон училиште за специјално образование. Станува збор главно за деца од средно училиште“, изјавија од полицијата.











