Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 Денеска почнува Mинхенска безбедносна конференција

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Mинхен е местото во кое, од денеска до недела, светските лидери ќе дебатираат за безбедноста во светот во услови на напната глобална ситуација.

Kонференцијата треба собере повеќе од илјада учесници, меѓу кои и 65 светски лидери, речиси 100 министри за одбрана и за надворешни работи и други високи воени и владини претставници од 120 земји.

Оваа конференција, која има 60-годишна традиција, годинава се оценува како посебна, зашто една година откако доналд трамп го почна својот втор мандат како претседател на САД, се одржува во услови на сериозно оштетени трансатлантски односи.

Во самиот извештај на конференцијата, се наведува дека „светот влезе во опасен период на деструктивна политика што го фаворизира расклопувањето на институциите, наместо постепената реформа“.

Делегацијата на Македонија ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски.