Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ издвои милионска сума за жртвите погодени од циклонот во Бангладеш и Индија

/

пред 871 дена

Сподели преку :

Европската Унија оддели 1,2 милиони евра хуманитарна помош за справување со последиците од ударот на тропскиот циклон Ремал во Бангладеш и Индија.

Како што соопшти Европската Комисија, помошта е наменета за решавањето на најсуштинските потреби на погоденото население во југозападен Бангладеш, во областа Кокс Базар на југоистокот од земјата и во индиската држава Западен Бенгал, како што се обезбедување објекти за сместување, пристап до вода и тоалети и други основни потреби за луѓето кои ги загубија своите домови во невремето.

„Сите хуманитарни средства се канализираат непристрасно преку сертифицирани партнери, како што се агенциите на ОН, меѓународните невладини организации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина“, се наведува во соопштението.

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич оваа помош ќе ја обезбеди потребната поддршка за најпогодените жители, пред се во Бангладеш.

„Ние, исто така, остануваме посветени за помош на погодените бегалци Рохинџи, кои веќе живеат во многу тешка ситуација во Кокс Базар, како и на нивните домаќини“, додаде Ленарчич.