Оставка од позицијата специјален пратеник на Евроската комисија за Кипар поднесе поранешниот европски комесар Јоханес Хан, кој во мај минатата година беше именуван на оваа позиција. Оставка Хан ја поднел „поради други обврски“, објавија кипарските медиуми.
Според истите информации, Хан, писмото со оставката го доставил и до претседателката на ЕК и до генералниот секретар на ОН, а портпаролот на Владата на Кипар Константинос Летибиотис за кипарската новинска агенција ЦНА изјавил дека Комисијата „веќе ги презема неопходните чекори со цел одредување нов специјален пратеник за кипарското прашање“.
Летибиотис објаснил дека оставката на Хан е по неговото назначување за претседател на Централната банка на Австрија, дека преку писмо го информирал кипарскиот претседател за неговата намера, при што изразил жалење за одлуката, нагласувајќи ја важноста на решавањето на кипарското прашање, како за подобрување на секојдневието на Кипраните, така и за ефективна примена на политиките на Европската Унија, како и за обезбедување стабилност и безбедност во Источниот Медитеран.











