Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И бебе рането во нападот во Сиднеј, мајката го спасила, но почина од раните со нож

/

пред 923 дена

Сподели преку :

Мајката на малото деветмесечно бебе кое беше тешко повредено во нападот во Сиднеј им подлегнала на повредите, објавија медиумите во Австралија.

Бројот на загинати во денешниот напад со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн на истокот на Сиднеј се искачи на седум, вклучувајќи го и напаѓачот.

Медиумите јавуваат дека бебето било прободено во стомакот и било оперирано, откако ранетата мајка и други граѓани користеле облека од продавницата за да му го сопрат крварењето.

Полицајка го застрела напаѓачот кој на повиците да го фрли ножот не реагирал. Се истражува дали има и други напаѓачи.

Најмалку шестмина загинати во трговски центар во Сиднеј