Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избори во Србија: Вучиќ убеден во победа, опозицијата тврди “почнаа промените”, гласањето мирно иако има обвинувања и за “бугарски воз”

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

По неполни две години, Србија излегува на предвремени избори на кои 6.500.666 граѓани имаат право на глас.

Тие гласаат на вонредните парламентарни, покраински, на изборите за 65 градови и опшини и за градот Белград, каде се запишани 1.613.369 гласачи, а првите прелиминарни резултати и процени може да се очекуваат нешто после 20 часот.

Гласањето се одвива мирно, иако независните набљудувачи регистрирале околу 100-тина неправилности и инциденти. Меѓу обвинувањата е и она за применет “бугарски воз’ на гласачко место во Белград.

Оваа изборна измама се одвива со едно украдено ливче кое е пополнето и го заменува оригиналното ливче кое пак гласчот мора да го врати. Вратеното ливче го прави истиот круг, а изборната измама е наречена бугарски воз бидејќи наводно за првпат се применила во Бугарија.

Републичката изборна комисија (РИК) ги негираше сите обвинувања и овјави дека се е пеоверено, а гласањето се одвива непречено и без неправилности. До 12 часот гласале нешто повеќе од 21 проценти од запишаните избирачи.

Сите политичари и кандидати рано излегоа на гласање, прв уште во 7 наутро гласаше, Ивица Дачиќ, верниот партнер на СНС и Александар Вучиќ. Српскиот претседател кој нема никаква партиска функција беше постер-бој на кампањата на владеачката Српска напредна странка со нов популистички потег застана да чека во ред на гласачкото место.

Опозицијата ја предводи Драган Ѓилас, поранешен градоначалник на Белград и тој ја води листата „Србија против насилство“.

Во Србија, Телма има специјален известувачки тим (Марија Дивитарова и Фуат Сулејман, снимател) кои редовно ќе известуваат за одвивањето на овие избори (5-ти избори за Парламент во рок од само 11 години од кога доаѓа СНС на власт).

Кандидатите ги дадоа првите изјави и Вучиќ најави нова победа на изборите, додека Ѓилас рече дека промените се почнати.