Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

/

пред 903 дена

Сподели преку :

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи го крена степенот на закана од тероризам на пет свои дипломатски претставништва во регионот, повикувајќи се на разузнавачки информации,  дека Северна Кореја може да се обиде да нападне.

Станува збор за амбасадите на Јужна Кореја во Камбоџа, Лаос и Виетнам, како и конзулатите во Русија и Кина. Загриженоста доаѓа од можноста за напад, што претставува главна грижа наведуваат во соопштението на Министерството.

,,Голем број индикации дека Северна Кореја се подготвува да изврши терористички напади врз нашиот дипломатски персонал и граѓани“, соопштија јужнокорејските специјални служби.

Службите наведуваат дека Пјонгјанг го засилува набљудувањето на јужнокорејските дипломатски мисии. За време на Студената војна, Северна Кореја беше обвинета за неколку напади врз цивили, вклучително и бомбардирања на аеродромот во Сеул и јужнокорејски патнички авион.