Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе му се суди на поранешниот државен правобранител Стафа

/

пред 203 дена

Сподели преку :

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик, стои во соопштението на ОЈО.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Фехми Стафа, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, велат од ОЈО.

Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавниот обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата.