Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина евакуираше 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Кина евакуираше повеќе од 1.600 свои државјани од Иран и стотици од Израел, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, додека евакуираните ги блокираат граничните премини поради интензивирањето на конфликтот меѓу двете земји.

Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман. Кина ги повикува завојуваните страни, особено Израел, веднаш да прекинат со огнот“, изјави портпаролот Гуо Џиакун на редовната прес-конференција.
Кинеската амбасада во Иран ги обнови повиците до граѓаните да ја напуштат земјата по копно, истовремено предупредувајќи ги луѓето за подолго време на обработка на барањата за имиграција, бидејќи се создава метеж на два гранични контролни пунктови – Астара на патот кон Азербејџан и Баџгиран на патот кон Туркменистан. Овие гранични премини се оддалечени 490 км и 910 км од Техеран. Кинеските граѓани можат да го напуштат Иран и преку Турција, Ерменија и Ирак, соопшти амбасадата.