Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коверт со бела супстанца пратен во домот на синот на Доналд Трамп

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Коверт со неидентификуван бел прав бил испратен во домот на Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на поранешниот американски претседател. Според извор запознаен со случајот, резултатите од тестовите за супстанцата се нејасни, но властите не веруваат дека е смртоносна материја.

Трамп Јуниор е задолжен за предизборните работи на неговиот татко, а ова му е втор ваков инцидент. Во 2018 година, неговата тогашна сопруга Ванеса била однесена во болница во Њујорк откако отворила коверт адресиран до нејзиниот сопруг, во кој, исто така имало неидентификуван бел прав.

Коверти со бел прав двапати пристигнаа и во 2016 година во „Кулата Трамп“, која служеше како изборен штаб на екс-претседателот.