Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајката на Навални потврди – го видов телото на син ми

/

пред 975 дена

Сподели преку :

Мајката на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, Људмила, соопшти дека го видела телото на својот син кој почина минатата недела во руска казнена колонија. На неа и на неговата сопруга Јулија претходно им беше забранет пристап до Навални. Људмила тврди дека истражителите ја уценуваат за условите околу неговиот погреб којшто, според нив, треба да се изврши во тајност.

Го снимам ова видео бидејќи почнаа да ми се закануваат. Не ме погледнуваат в очи и ми велат дека ако не се согласам да биде погребан во тајност, ќе му направат нешто на телото на син ми. ИстражителОТ Воропаев отворено ми кажа: времето не е на ваша страна, трупот ќе почне да се распаѓа. Јас не сакам специјален третман, сакам само се да биде направено според законот. Барам веднаш да ми го дадат телото на Алексеј, изјави Људмила.