Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 70 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Палестинското министерство за здравство соопшти дека 73 лица се убиени денеска во различни области на Појасот Газа додека се обидувале да добијат хуманитарна помош.

Најголем број жртви имало во северна Газа, каде што најмалку 67 Палестинци биле убиени чекајќи хуманитарна помош, според Министерството за здравство и локалните болници.

Повеќе од 150 лица биле ранети, од кои некои се во критична состојба, соопштија локалните болници.

Претходно денеска палестинска новинска агенција јави дека 12 Палестинци биле убиени во израелско гранатирање додека чекале да добијат храна во северна Газа и областа на градот Рафа. Десет од нив загинале во северна Газа, додека другите двајца Палестинци биле застрелани северно од градот Рафа, наведува агенцијата.