Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нафтата скокна на 101,5 долар за барел по најавата за можност за намалено производство

/

пред 1520 дена

Сподели преку :

Барел нафта утрово се искачи на 101, 5 долари на лондонската берза.

Пазарот на нафта реагираше откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најавија можност да го намалат производството доколку ситуацијата го бара тоа.

– ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството –  изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.

Доларот пак деновиве има рекордна вредност во однос на еврото односно се израмни денеска откако вчера по вторпат оваа година имаше поголема вредност од европската валута.

Двата параметри, цената на барел нафта и односот долар/евро се главни показатели за определување на цената на нафтените деривати во Македонија.

Македонската економија ќе има проблеми заради растот на доларот, предупредуваат финансиските аналитичари