Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 49 загинати во дискотека во Доминиканска република, уште десетици се затрупани

/

пред 558 дена

Сподели преку :

Најмалку 49 луѓе загинаа откако се урна покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, објави CNN за нзголемениот трагичен биланс на несреќата. Над 160 се повредени, а се уште трае потрага и извлекување на затрупани гости во клубот.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до нив и да ги спасат. Извлечени се над 100 луѓе од под урнатините.

Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.

Меѓу загинатите е и Нелси Круз, гувернерка на провинцијата Монти Кристи во Доминиканската Република.

Круз се јавила на доминиканскиот претседател Луис Абинадер по уривањето на покривот, го информирала за несреќата и му рекла дека и таа заедно со десетици луѓе е затрупана, соопшти првата дама на Доминиканска република. Круз подоцна била извлечена, но починала во болница, соопштија властите.

Покривот се урнал за време на концерт и засега нема сознанија за причините за трагедијата.