Ноќеска во напад на руско беспилотно летало врз Харков, вториот по големина град во Украина, загинаа најмалку 8 лица , меѓу кои се три деца. Според гувернерот на регионот Харков, Олех Синиехубов, нападот бил извршен со беспилотно летало „ Шахед“ , од иранско производство. Тоа ја погодило цивилната инфраструктура во градската областа Немишљан, предизвикувајќи огромен пожар во кој изгореле 15 приватни куќи.Повеќе од 50 луѓе биле евакуирани , а надлежните го локализирале пожарот. Според украинските воздухопловни сили, нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 23 од 31 дрон, лансирани од Русија во текот на ноќта.
- Сега сме на местото каде што продолжува работата за ликвидација на последиците од непријателскиот напад и продолжува гаснењето на пожарот. Ова беше складиште за гориво. Во моментов се евакуирани повеќе од 50 луѓе . Спасени се четворица од едно семејство , меѓу кои едно дете. А, сопругот добил изгореници на 40% од телото. Уништени се 15 станбени згради , од кои во моментот се идентификувани седум тела. Пет лица од едно семејство починале. Маж со неговата жена и трите деца, на 7 и на 6 години и на 7 месеци. Сите наши служби работат на лице место, вклучително форензичари , за да ги идентификуваат телата, соодветно на испитувањата на ДНК, изјави шефот на Регионалната воена администрација на Харков, Олех Синиехубов.
- Оваа вечер руските сили лансираа беспилотни летала од типт „ Шахед“ , според прелиминарните информации од регионот Белгород. Како резултат на тоа околу 23 часот три беспилотни летала од типот „ Шахед“ , погодија цел на критична инфраструктура во областа Немишљан во Харков. Структурата беше уништена, а како резултат на тоа избувна голем пожар кој го оштети приватниот сектор, рече Олександр Филчаков, главен обвинител на Харков.
- Рускиот агресор го уништува нашиот град , градот херој Харков. Но, ние ќе го надминеме тоа, ќе победиме. Дузини приватни куќи се уништени. Ние ќе победиме. Слава на Украина , кажа Ихор Терекхов, гувернер на Харков.











