Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвeсност околу продолжувањето на прекинот на огнот во Газа, првата фаза завршува во сабота

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Конвоите со хуманитарна помош во Газа продолжија непречено да влегуваат преку преминот Рафа додека се ближи крајот на првата фаза од кревкиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Газа. Камиони натоварени со помош влегоа во опустошената енклава, а групи Палестинци во очај грабаа дел од помошта што испадна од транспортерите додека поминуваа по раскопаните земјени патеки.

Првата фаза од прекинот на огнот што штави крај на 15 месечната брутална војна меѓу Израел и милитантите на Хамас треба да заврши во сабота – и не е јасно што ќе се случува потоа. Завојуваните страни требаше да започнат преговори за втора фаза пред неколку недели, а со која се предвидува Хамас да ги ослободи сите преостанати заложници од нападот на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната, во замена за повеќе палестински затвореници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на Израел од Појасот Газа.

Но, тие преговори не започнаа иако имаше само подготвителни разговори. Дел од експертите велат дека самото започнување на разговорите во фаза 2 ќе го задржи примирјето. Тоа според нив би значело продолжување на борбите но и на протокот на помош во Газа, иако нема да има дополнителни ослободувања на заложници надвор од она што е веќе преговарано.

Хамас претходно соопшти дека е отворен за продолжување на разговорите за фазата 2, но тоа беше пред Израел да го одложи ослободувањето на затворениците.