Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема веќе виски од Кентаки- Канада го исфрли американските алкохолни пијалоци од државните продавници откако Трамп воведе царини од 25% за соседот

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Трамп и натаму со провокативни изјави дека Канада треба да стане 51-вата држава на САД за да ги избегне царините кои ги воведе американскиот претседател, стигнаа и неколку одговори од канадска страна.

На неколку натпревари од професионалните лиги во хокеј и кошарка (NFL и NBA), кои се одиграа синоќа на канадска територија, навивачите ја исвиркаа химната на САД која што се интонира пред секој натпревар.

Но, одговорот почна уште во неделата кога по итна наредба на гувернерите на повеќе федерални единици во Канада, од рафтовите во државните продавници за алкохол беа повлечени сите американски пијалоци. Најмногу секако настрада омилениот бурбон „Џек Дениелс“ кој се произведува во Кентаки, а повлечени се и румот „Бакарди“, водката „Титос“ и многу други пијалоци со ознака „Made in USA“. На нивно место се поставени знаци дека наместо повлеченото треба да се користи канадски производ.

Дополнително повеќе влади на канадските федерални држави одлучија во своите јавни набавки да не купуваат американски производи.