Петмина селани кои беа заробени во поплавена пештера во централен Лаос пред повеќе од една недела беа пронајдени живи од нуркачи кои ги открија како седат на карпа во темнината, соопштија спасувачите, но двајца други сè уште се водат како исчезнати.

Седумте селани влегле во пештерата на 19 мај, но обилните дождови предизвикале ненадејни поплави што го блокирал излезот.
Видео објавено од спасувачката група го прикажува моментот кога нуркачите излегуваат од водата и ги откриваат заробените мажи. На снимката, мажите носат ламби на чело и седат на карпа опкружена со поплавна вода.
Друг селанец кој претходно влегол во пештерата со седуммината успеал да избега кога започнало поплавувањето и тој кренал тревогата за да се најдат останатите заробени мажи.











