Обилните дождови кои предизвикаа поплави во близина на градот Пиза во Италија ги ангажира спасувачите во потрага по петмесечното бебе и неговата баба, известуваат италијанските пожарникари.
Потрагата започна вчеравечер, кога речните води ја поплавија куќата каде што живееле лицата по кои се трага. Евакуирани се таткото, мајката, дедото, но и неколку туристи кои кога започнала поплавата се искачиле на покривите на куќите поради зголемениот раст на нивото на водата.
Ангажирани се спасувачи и нуркачи, но и шетачи на кучиња, дронови и обични тимови за да се спречат штетите предизвикани од дождовите што ја зафатија областа близу градот Пиза.











